Вчера околу 19.35 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски” било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето В.К. (28) од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека В.К. се повредил околу 18.05 часот во авионот. Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при што В.К. паднал на подот и се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст