| четврток, 6 декември 2018 |

Образование во Финска: Се валкаат по подот среде настава, трчаат низ училница по чорапи, сами се оценуваат и се најдобри во Европа

Новинар на српски Телеграф го посетил најголемото основно училиште во главниот град на Финска и се уверил дека часовите можат да бидат и забавни и едукативни, дури и за најмладите деца.

Децата во Финска се валкаат по подот среде настава, трчаат низ училницата по чорапи, седат на столчиња, табуретки и специјални лулашки, раскажаува тој. Учителката е лежерно облечена, речиси како да е дома. Таа наоѓа време за секое дете, а не ја тргнува својата насмевка дури и кога ги прекорува.

Вака изгледа еден час по математика за учениците од второ одделение во основното училиште “Лаутасарен” во Хелсинки. Ова училиште е најголемото (920 ученици) од овој тип во Финска, земја чии деца веќе со години ги бележат најдобрите резултати во Европа на меѓународното ПИСА тестирање.

Децата, чиј час бил посетен од страна на новинарoт, имале два блок-часови од по 90 минути. Помеѓу нив, имаат пауза од 30 минути во која ручаат во училишната менза. Тој оброк, како и сè останато – книги, тетратки, моливи, боички итн. се потполно бесплатни за сите основци во земјата.

Иако имаат само осум години, учениците доаѓаат сами на училиште, најчесто на велосипеди кои уредно ги паркираат на предвидените места во училишниот двор. Едно одделение има максимум 24 ученици.

Неделно имаат 4 часа математика, 7 часа фински јазик, 2 часа спортски активности, 1-2 часа уметност, 1-2 часа музика и 2 часа наука. Учителките одлучуваат дали ќе им дадат домашна задача, а нивната учителка Ева-Маја Аиникамаки (30) го прави тоа 3-5 пати неделно. Оценувањето, барем онакво на какво што сме навикнати на Балканот, не постои.

–  Учениците се оценуваат себеси со описни оцени, а ние ги охрабруваме на тоа. На пример, ученикот оценува дали е добар по некој предмет, додека по друг мора повеќе да учи, објаснува наставничката Ева-Маја која вели дека е задоволна со плата од околу 2 500 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top