| четврток, 6 декември 2018 |

Кочани: 18 – годишно момче со мотор удрило во автомобил, итно пренесено на скопските клиники

Вчера околу 15.30 часот на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани, Б.Б. (18) од Кочани, управувајќи Мопед без регистарски ознаки удрил во патничко возило „Цитроен“ со кочански регистарски ознаки.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил Б.Б., кој поради сериозноста на повредите од Медицински центар Кочани бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top