| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков за нападот во Струмица: Конструкција!

Поранешниот министер за внатрешни работа и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков за инцидентот во Струмица кога друштвото со кое беше во ресторан претепа струмичанец, вели дека е конструкција.

Тој утрово се појави во Кривичниот суд во Скопје да се пријави бидејќи му е одредена мерка на претпазливост.

Не сакаше да одговара на прашања, а на поминување покрај новинарските екипи кога беше прашан за коментар за инцидентот кратко одговори: Конструкција.

Кој го испрати наркодилерот Ванчо Комитата да го провоцира Чавков во струмичка кафеана?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top