| четврток, 6 декември 2018 |

Заборавено тенџере ќе предизвикаше голем пожар во зграда во Центар (Фото)

Заборавено тенџере во стан на булевар „Климент Охридски“ ќе предизвикаше пожар кој за среќа беше спречен навреме. Противпожарните екипи сеуште се на терен. А според изјавите на станарите за „Република“ во станот немало никој, а се претпоставува дека тенџерето на шпорет го заборавила жената која го одржува домот. Блиски на сопствениците на станот успејаа да ги исконтактираат, пожарникарите влегоа во станот и ситуацијата овој пат има среќен крај. Избегната е поголема штета и опсаност за останатите станари и казиното кое се наоѓа под зградата.

фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top