| четврток, 6 декември 2018 |

Криза во Спортинг Лисабон: Управата го суспендирала тренерот, фудбалерите се заканиле дека нема да го играат финалето

 

Португалскиот фудбалски гигант, Спортинг Лисабон во кој настапува македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски, го суспендираше тренерот Жорге Жесус, откако двете страни не се договориле за спогодбен раскин на договорот. По уште една неуспешна сезона во која „лавовите“ од Лисабон, не успеаја да изборат пласман во Лигата на шампионите, челниците сакаат да го раскинат договорот со тренерот. Тој наводно се согласил да замине, меѓутоа не сака да се откаже од 7,5 милиони евра, сума која треба да му припадне доколку биде отпуштен.

Раководството на Спортинг предводено од контроверзниот претседател Бруно Карвалјо, решило да го суспендира стручниот штаб предводен од Жорге Жезус, што значи дека првиот тренер и неговите асистенти нема да ја водат екипата во финалето на португалскиот куп.

Сепак, прашање е дали челниците ќе ја испочитуваат својата одлука бидејќи играчите се заканиле дека нема да го играат натпреварот доколку 63-годишниот тренер не биде на клупата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top