Мари Холм Лорсен (21) од Данска до сега 500 пати ги скршила коските во телото. Кршењето на коските се последица од кивање и кашлање, а неколку пати дури и прегратката била кобна за нејзините кревки коски. Всушност, Мари боледува од ретка болест на коските “osteogenesis imperfecta”, а во една прилика го скршила и реброто кога започнала со икање.

Дијагнозите ѝ биле установени кога имала само недела дена. Оваа ретка болест е наследно пореметување на колагенот кој предизвикува дифузна абнормална кревкост на коските, пренесува Дејли Меил.
Таа раскажа како изгледа нејзиниот живот кога секоја секунда постои опасност да ѝ се скрши некоја коска.

“Имав многу убаво детство, но често се случува децата да ми се смеат и постојано да гледаат во мене”, откри таа. Мари денес е жртва на предрасуди и јавно зборува за својата болест за да ја подигне совеста за својата здравствена состојба. Се потсети на моментите кога докторите ѝ ја дале дијагнозата.

“Беа збунети што слушаат звук секој пат кога ќе ги движам нозете. После рендгенот на целото тело открија дека тоа е звук на кршење на коските во целото тело. Така ми ја открија оваа болест”, рекла таа.

Девојката од Данска истакнала дека не сака да биде ограничена од страв дека ќе ѝ се скрши нешто и дека мора да го живее животот со полн здив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


