| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата и швалерката се тепале, тој фаќал сеир

women-fightingХрватка ја нападнала швалерката на нејзиниот сопруг. Четириесет и четири годишната жена, чиј идентитет хрватските медиуми не го објавуваат, прво ја нападнала вербално, а потоа и физички, две години помладата женска личност во чие возило бил 46 годишниот сопруг.

Љубоморната жена по вербалните навреди, ја фатила за коса љубовницата, а оваа на тоа возвратила со спреј за самоодбрана кој го носела со себе.

Мажот воопшто не се замешал во караницата. Си гледал од страна, а тепачката била решена дури по доаѓањето на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top