Година ипол затвор за гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена
Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена од Основниот суд Скопје 1 денеска е осуден на година ипол ефективна казна, затвор, а изречена му е и забрана за вршење дејност во траење од осум години.
Дамчевски пред судот ја призна вината.
Адвокатката на оштетената, Ирена Фрчкоска, изјави дека не се задоволни од изречената казна.
-Не сме задоволни од изречената казна. Особено имајќи ја предвид специфичноста на кривичниот настан и начинот на кој се сторени кривичните дела од страна на обвинетиот. Во понатамошната постапка ќе ги искористиме сите правни инструменти во насока на задоволување на правичноста и во насока на превенција вакви и слични кривични дела да се повторат – изјаци Фрчкоска.
Дамчевски во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување. Според обвинението тој, иако знаел дека оштетената не е бремена, вршел редовни контролни гинеколошки прегледи со ехо апарат, презентирал лажни ехо снимки на кои се гледа плод, презентирал лажна срцева акција на плодот, мерел должина и тежина на плодот, го утврдил полот на плодот, вербално на секој преглед детално ја објаснувал секоја наводна снимка од плодот, правел и скрининзи со писмени извештаи во кои е наведено дека на ехото се гледа плод во различна гестациска недела, а потоа договорил и термин за пораѓање.
Непосредно пред денот за кога било договорено наводното пораѓање на пациентката најпрвин на сопругот на оштетената, а потоа и на оштетената ја открил вистината за лажната бременост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст