Анди Красниќи, познат под прекарот командант “Малишева”, напишал писмо од затворот во кој ја одлежува казната, пренесува “Бота сот”.
Командантот „Малишева“ апелира до своите другари да не направат едно исто такво нешто и тие, се додека, како што вели тој, процесите одат напред и сега кога и САД и ЕУ се посветени на движење на процесите кон иднината.
Понатаму, тој повикува да застанат, бидејќи Красниќи вели дека ги сака како себеси и не сака да страдаат тие и народот.
Ова е целосната содржина на писмото
-Апелирам до сите ветерани, соборци, нашите браќа, оние кои имаат храброст, што ја дадоа својата Беса да продолжат со ослободителната војна таму каде што ја оставивме ние, да не го сторат тоа. Знам дека сте над илјада и триста членови што се жртвувавте, Ве повикувам да не го сторите тоа бидејќи процесите се движат напред и сега кога и САД и ЕУ се посветени на движењето на процесите кон иднината и за нас Албанците ќе има светла иднина. Придонесете за земјата таму каде што живеете на други начини не со војна, ќе покажеме дека сме за мир. Не сакаме крвопролевање, доста е со страдања и солзи. Правдата за нас сигурно ќе триумфира, демократските сили владеаат сега. Груевски и неговите руски банди си заминаа и не се враќаат веќе. Ве повикувам да престанете, бидејќи ве сакам како себе си и не сакам да страдате и да страда мојот народ, не сакам на мојата држава да му биде ставена црна дамка за дестабилизација- пишува Красниќи .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.