Утре за прв пат се состанува бугарската комисија задолжена за „пеглање“ на историјата, а формирана врз основа на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.
Поранешниот ректор на Софискиот универзитет професор Иван Илчев, кој е член на комисијата, вели дека на првата средба ќе се оценуваат насоките на идната работа. Тој предвидува дека разговорите со Македонија ќе бидат тешки и долги, бидејќи македонската јавност била „обработувана” низ образованието и со масовните медиуми во една одредена насока веќе повеќе од 100 години.
„Задачата нема да биде лесна – да се поврати некакво знаење за минатото, да се наведе дека тоа минато може да стане и би требало да биде основа на добрососедски односи меѓу сега постоечките држави. Би требало да се направат некакви промени во образовниот систем, па да се избегнат некои екстремни проценки и кај двете страни. Процесот ќе биде многу долг и и бавен. Не треба да се очекува брзо решавање на проблемите“, изјави тој.
„Општеството има релативно кратка меморија. Не смееме да заборавиме дека слични комисии имаше во 70-тите и 80-тите години, кои дискутираа како да се избегнат меѓусебно неприфатливи проценки во учебниците по историја и литература. Имаше – бугарско-романска,бугарско-југословенска, така што имаме малку искуство во овој поглед“.
Иван Илчев, смета дека денешните студенти како и општество како целина не ги познаваат доволно соседните држави и тоа се должи и на содржината на учебниците.
А што знаат нашите родители од историјата, што знаеме ние, што ќе знаат нашите деца?! Секоја генерација со нова историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст