| четврток, 6 декември 2018 |

Дибирова: Се подготвувавме цела сезона, но на крај не успеавме, на девојките им поскаувам среќа во иднина

И покрај силната желба, Вардар ни во последниот петти настап на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта не успеа да го оствари сонот и да стигне до европската титула. Ѓер исто како лани, го победи Вардар во продолженија (27-26) и успеа да го одбрани тронот.

Колку што беше голема желбата на ракометарките да ја завршат приказната во „црвено-црниот“ дрес со шампионска титула, толку беше големо и разочарувањето од поразот во финалето. По второто загубено финале по ред, тешко наоѓаше зборови и Ирина Дибирова.

„Се подготвувавме за овој натпревар цела сезона, но на крај не успеавме. Горда сум на ракометарките, се бореа и реализира се што беше договорено, но на крај не успеавме. Вечерва немавме среќа, на девојките им поскаувам среќа во иднина. Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим“– изјави Ирина Дибирова.

ekipa.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top