Tито Петковски денеска повторно е избран за претседател на Новата социјалдемократска партија (НСДП). На четвртиот редовен партиски конгрес, покрај претседател на партијата беа избрани и членови на Централниот и на Надзорниот одбор, а беше усвоена и Програмска платформа за делувањето на НСДП.
Петковски во воведното обраќање рече дека е политичко самоубиство настап на избори надвор од двата најголеми политички блока, во услови кога мандатите се распределуваат според Донтовиот модел.
– Оптимизмот го гледам во евентуалните измени на изборното законодавство, кое веќе е најавено, во насока на една изборна единица, отворени листи, како и низок праг за влез во Собранието, рече Петковски.
Присуствуваа околу 500 делегати од повеќе градови кои избираа Претседател, како и членови на Централниот и Надзорниот одбор, а беше усвоена и Програмска платформа за делувањето на партијата. НСДП од 2006-та до 2008 -та година беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а сега е со владејачката СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст