| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар против Ѓер има нерешено на полувреме, противникот ќе го започне вториот дел од ракометарка помалку

Во годинешното финале од Лигата на шампионите, на полувреме нашите вардарки имаат 9-9 против тимот на Ѓер. Иако на почетокот на мечот Унгарките подобро отворија и имаа предност од 3 гола, македонските претставнички успеаја да се вратат, а на крајот на првиот дел имаа и напад за минимална предност кој не го реализираа.

Сешак, мала предност за вардарки е што една од ракометарките на Ѓер доби 2 минути исклучување пред паузата, па Вардар ќе има ракометарка повеќе и шанса да обезбеди предност на почетокот на второто полувреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top