Ракометарите на Вардар, со цел да добијат повеќе време за подготовка за Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, последните натпревари од плејофот ќе ги одиграат со забрзано темпо. Така, во понеделеник и во вторник, тие два пати ќе бидат домаќини во СЦ „Јане Сандански”.
Во понеделник во малата сала во СЦ „Јане Сандански” ќе го пречекаат тимот на Пелистер во 17 часот, а веќе следниот ден, исто така во малата сала во СЦ „Јане Сандански” ќе играат со Пролет, во 17 часот.
Потоа ќе им остане само уште натпреварот со Металург од последното коло. Но, доколку триумфираат на овие два домашни натпревари, тогаш и теоретски ќе ја обезбедат титулата во првенството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст