Најверните симпатизери на најтрофејниот македонски клуб, популарните „Комити“, денеска на големото дерби против Пелистер го искажаа својот револт кон управата на клубот поради начинот на кој се води Вардар, кој сезонава одигра катастрофално во домашното првенство, а тоа сигурно е резултат и на начинот на кој се менаџира клубот…
Најверните навивачи на црвено-црните веќе подолго време се гневни на работата на клупското раководство, особено во пролетниот дел од сезоната, во која вардарци останаа речиси без половина од шампионскиот тим кој испиша историја со настапот во Лига Европа, а потоа уште на стартот на сезоната предвреме се откажа од трката за трофеите, оставајќи и на Шкендија отворен пат до „двојната круна“. Доаѓањето на низа легенди во клубот и најавената „ревардаризација“ беше бурно прифатена од Комитите, но по нецела година тие револтирано удрија по челниците на најтрофејниот македонски клуб.
(извор – Спорт1.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст