| четврток, 6 декември 2018 |

И криминалците се мајтапат со премиерот: Чаушот се пријави да му биде советник на Заев со „дупнат Дурекс“

Некогаш најверниот соработник на Заев, човекот кој служеше како врска помеѓу лидерот на СДСМ и косовските криминалци, Захир Бекири – Чауш, му се налути на премиерот поради поставувањето на „незаслужни“ луѓе на високи позиции, додека оние кои навистина придонесоа во борбата за власт се оставени на улица.

– Уште Љубе патриотот што носи инвеститори не даде оставка? Па кој го бива, со телефонски повик ќе донесе инвеститори. А мене Љубе во затвор ми рече минимум 15 пратеници ќе освоел! Апсолутно се е у ПМ отидено, толку советници нема ни владата во Кина и Индија. Се пријавувам за советник кој како да е…е со бушен Дурекс – за познати со непоминат рок…, напиша верниот соработник на Заев, Чауш на социјалните мрежи.

Поставувањето на Командант Хоџа и Љубе Бошкоски како советници во премиерскиот кабинет предизвика силни реакции од јавноста, особено поради фактот што едниот бил терористички командант, а другиот лице без соодветно образование и компетенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top