За време на викендот скопјани во најголем број го посетуваат Градскиот парк, особено во летните и пролетните денови кога времето е убаво. Но изминативе месеци, како никогаш до сега, може да се забележат голем број на возила паркирани на патеките за пешачење, а дел од возилата се оставени и на тревните површини.
Како што може да се види на фотографиите од денеска, најмалку дваесетина возила биле паркирани во реонот зад Луна-паркот, но и на други места во паркот каде што паркирање н е дозволено, а граѓаните сведочат дека оваа глетка не е ништо ново, туку истото се повторува неколку викенди наназад.
И на фотографиите од пред десетина дена може јасно да види како автомобили и комбиња движат по патеките кои се намементи за пешаќење во најголемиот парк во Скопје.
Како со години нешто вакво не можеше да се види во Градскиот парк, а сега за само неколку месеци станува пракса, оставаме да се запрашаат градските власти и да проценат дали можеби треба Градскиот парк да се трансформира во зелена паркинг зона.
(фото – Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст