| четврток, 6 декември 2018 |

Групна тепачка ноќеска во кафеана во центар: Скопјанец прободен во нож во градите

Ноќеска околу 04.10 часот Н.Ѓ., пријавил дека во угостителски објект на улица „50-та Дивизија” во Скопје настанала тепачка помеѓу две групи од гостите при што некои од учесниците имале ножеви.

Лицето Д.А. (34) од Скопје се здобил со убодна рана во пределот на градите, по што е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top