Пред 28 години, на денешен ден (13 мај 1990 година), дуелот помеѓу Динамо Загреб и Црвена Звезда во Загреб не се одигра поради хаосот што го направија навивачките групи на двата југословенски гиганти, инцидент кој беше само најава за крвавата ѓраѓанска војна на просторите на поранешната сојузна држава.
– Шампионското славје делумно ни го расипаа настаните во Загреб. Тоа беше уажс, најблаго речено. Се прашувам што ќе се случеше да се одиграше тој натпревар. Кога вакво нешто ќе се случи, се прашувате – Зарем фудбалот стана војна помеѓу два тима?, изјавил ден по враќањето од Загреб, Драган Стојковиќ – Пикси, тогашен член на Црвена Звезда.
Хаосот на „Максимир“ ќе остане запаметен и по Звонимир Бобан, хрватскиот репрезентативец кој со карате потег го нокаутираше полицаецот Рахим Ахметовиќ, бранејќи еден од членовите на загрепските ултраси – „БББ“, потег кој Бобан го направи херој на загрепските модри и меѓу хрватската јавност.
– Ако мечот се одиграше, ќе имаше жртви. Се тоа беше режирано. Јас имав наполнет пиштол и можев лесно да го убијам Бобан. Тој ме нападна на работно место, но тренерот Јосип Куже го спаси. Ние сакавме да ја смириме ситуацијата, но тој ги повикуваше „БББ“ на терен. Ме наговараа да пукам, но јас не сакав, рече Ахметовиќ, по повод 25-годишнината од инцидентите.
Овој натпревар беше означен како важен момент, почеток на тензиите и немирите во СФРЈ кога Хрватите покажаа отпор, кога тргнаа во битка за независност. За Србија, пак, дуелот е почеток на сепаратизмот во СФРЈ, кој ќе кулминира со крвава војна. За американската мрежа „Си-Ен-Ен“, хаосот на „Максимир е еден од петте настани кои го смениле светот“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст