Во текот на денешниот ден како резултат на циклонска активност на територијата на Република Македонија од УХМР најавуваат локални врнежи од дожд кои според прогнозите на места ќе бидат со умерен до засилен интензитет.
Овие врнежи поради нивниот локален и краткотраен карактер не се очекува да предизвикаат излевање на поголемите реки низ земјава, иако, како што посочуваат од УХМР, е можно извесно зголемување на нивниот водостој.
– Доколку ваквите краткотрајни интензивни врнежи од дожд на поедини места бидат со висок интензитет можно е да предизвикаат брзо истекување кај малите реки и суводолиците низ земјава. Исто така, доколку процесите бидат поинтензивни проследени со силен ветер и во форма на невреме, можно е во градските урбани средини (вклучително и градот Скопје) поради неможноста за впивање на водата да предизвикаат брзо отекување низ градските улици, посочуваат од УХМР.
Оттаму препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците, како и на сите оние места каде во текот на утрешниот ден се очекуваат интензивни поројни врнежи од дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст