Каталонскиот парламент не успеа денеска да го избере од првпат Жоаким (Ким) Тора за премиер на шпанската област, пренесоа АП.
Тора беше поддржан од 66 пратеници – за два гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство. Приврзаникот на идејата за независност на Каталонија, сепак ќе има уште една шанса да стане регионален премиер – во понеделник, кога ќе му биде доволно обично мнозинство.
Причината за денешниот неуспех на Тора е внатрешната борба во логорот на сепаратистичките партии. Како резултат на тоа, четворица пратеници се воздржаа од гласањето.
Оваа сепаратистичка формација ќе одлучи утре како да гласа во понеделникот.
Ако не биде избран каталонски премиер до 22 мај, може автоматски да бидат свикани предвремени регионални избори.
Кандидатурата на Тора беше посочена од поранешниот премиер Карлес Пучдемон кој се откажа од обидот да ја заземе повторно функцијата откако беше спречен од шпанското правосудство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


