| четврток, 6 декември 2018 |

Напад во Париз: Еден убиен, петмина повредени – убиен и напаѓачот (ВИДЕО)

Еден човек загина а петмина се повредени во напад со нож во центарот на Париз. Според информациите, напаѓачот, кој не е идентификуван од полицијата, е застрелан и убиен од полицијата. Двајца од повредените се во сериозна состојба.

Инцидентот се случил во центарот на Париз. Сведоци велат дека луѓе во паника се криеле во околните ресторани. Не се знаат причините за нападот. Во тек е истрага на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top