| четврток, 6 декември 2018 |

Турци ќе градат ветерници во Богданци

Турска компанија ќе инвестира 130 милиони евра во парк за производство на електрична енергија со ветерници, објави интернет порталот на медиумската куќа „Блумберг“.

Во изјава за медиумот, дадена по електронска пошта, тоа го потврдил, Али Самра, сопственик на компанијата Не-Са Енерџи. Компанијата, како што се пренесува, планира да изгради постројки за производство на електрична енергија со капацитет од 110 мегавати и во моментов е во разговори за финансирање на проектот со банки и финансиски групи.

Градоначалникот на Богданци, Ристо Ичков, и претставници на компанијата неодамна потпишале писмо на намери, во кое се предвидува изградбата да почне Како што јавува македонскиот интернет портал „Југоинфо.мк“ изградбата би требало да почне во јули годинава.

Turski investirori za veternici - Bogdanci

Во регистрите на асоцијациите на турските компании кои работат со обновливи видови енергија не е регистриранa компанија со назив „Не Са Енерџи“. Единствена трага која упатува на компанија со такво или слично име е компанијата „Не Са Електроник“, запишана во каталотот www.tr.all.biz , чија дејност е трговија со соларни панели и енергетска опрема.  На официјалната страница на фирмата пишува дека страницата е во изработка, со бројач кој упатува дека страницата ќе почне да работи на 12 мај 2013.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top