Амандин Лејно кариерата ќе ја продолжи токму во Ѓер – клубот со кој утре ќе води битка за искачување на тронот на Европа. Французинката со низата одлични одбрани беше најзаслужна за денешната победа над Ростов, но скромна како и секогаш таа ги подели комплименти со остатокот од тимот.
„Ростов е одличен тим и ни создаде многу проблеми, но за среќа одигравме одличен меч и заслужено победивме. Не е важно колку одбрани сум имала, најважно е тимот да победува и да се најде во големото финале. Горда сум на оваа екипа, сега ни претстои уште еден чекор за остварување на заедничката желба што ја имаме со години наназад. Јас сакам титули, сега да ја освојам со Вардар, па догодина пак да славам со Ѓер“ – прокоментира Лејно по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст