Јованка Радичевиќ е горда на убедливата победа над Ростов. Оваа победа на Црногорката ќе ѝ даде петта и последна шанса со Вардар да стигне до европската круна. Крилната ракометарка, која веќе има титула во дресот на Ѓер, токму против својот поранешен клуб ќе брка ново злато, а Радичевиќ е максимално мотивирана и поради проблемите во самиот Вардар, но и поради ланската неправда во загубеното финале во Будимпешта.
-Беше многу тешко, но многу сум горда на целиот тим. Мислам дека имаме срце колку цела Македонија. Од почетокот покажавме дека сакаме да играме во финалето. Зрели сме за да се закитиме со титулата Седум месеци се соочувавме со големи проблеми, молчевме и работевме, никој не не слушаше, самите се бодревме. Денеска еве покажавме дека сме доволно квалитетни за финале, а очекувам утре повторно да им докажеме на сите дека сме подготвени да стигнеме до трофејот. Лани бевме ограбени во финалето со Ѓер, сега е добра можност за да им возвратиме – истакна Јованка Радичевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


