| четврток, 6 декември 2018 |

Влошено здравјето на Владо Јаневски, концертот се одлага

Одложен е концертот на Владо Јаневски поради неговата здравствена состојба. Фановите се загрижени и прашуваат што се случува со пејачот.

Драги пријатели,
Со жалење ве известуваме дека сме приморани да го одложиме најавениот концерт на Владо Јаневски, којшто требаше да се одржи на 01 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Причина за тоа е здравствената состојба на Владо Јаневски.

Исто така ве информираме дека со сигурност Владо Јаневски и Авалон ќе најдат нов термин во периодот октомври-ноември за одржување на овој концерт што требаше да биде по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски, во ВИП арена.

Сите оние кои имаат купено влезници досега, ќе можат да ги вратат веднаш на продажните места каде што ги имаат набавено -соопштија од Авалон Продукција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top