Ракометарките на Вардар втора година по ред ќе играат во финалето на Лигата на шампионите, откако првата половина од својата мисија ја завршија со победата против Ростов во полуфиналето со 19-25 (7-10). Противник во утрешното финале на вардарки ќе им биде ланскиот ривал Ѓер.
Вардарки одлично го почнаа натпреварот, Лејно брзо се разбрани и Пенезиќ и Цвијиќ погодија за 1-4 во 7. минута. Бужан побара минута одмор уште во раната фаза, но рускиот првак немаше одговор за расположената Французинка Лејно, која собра шест интервенции за половина полувреме.

По четири минути без гол на двете страни, Лекиќ со својот втор гол реализираше за 2-5, а Лакрабер од седмерец ја донесе најголемата разлика (2-6). Седојкина одговори со неколку одбрани, но Лејно дефинитивно имаше свое попладне и првиот дел го заврши со десет одбрани. Булатовиќ со три гола одржуваше дистанца од 2-3 гола. На полувреме Вардар замина со 7-10 со многу подобри вибрации од Русинките.

Со серија на грешки почна и вториот дел, но Радичевиќ, Лазовиќ и Лекиќ погодија за 8-13 во 37. минута. Лејно ги „маѓепса“ руските ракометарки и трпеливо девојките на Дибирова и Гарсија Парондо дојдоа до 10-15 во 43. минута.

Во 46. минута се повреди Ана Паула Родригез и Ростов загуби битен адут во обидот за пресврт. Пенезиќ и Лазовиќ постигнаа два неодговорени гола и Вардар се врати на +4 на 12 минути до крајот. Со манир на супер-искусна екипа македонскиот шампион го приведе натпреварот кон крај за финална победа од 19-25.

Најефикасни во вардаровиот тим беа Пенезиќ и Лекиќ со по седум гола, а кај поразениот Ростов Дон се истакнаа Илина со пет и Булатовиќ со три гола. Клучен фактор во полуфиналето беше Амандин Лејно, која собра 14 интервенции.
Извор: Гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


