Ѓер е прв финалист на Фајналфор турнирот во ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција. Бранителот на титулата пред малку во „Ласло Пап арена“ го совлада ЧСМ Букурешт со 26:20 (полувреме: 14:10).
Ниту неиграњето на Нора Мерк, Жужана Томори и Јана Кнедликова не се одрази во играта на унгарскиот тим. Составот на Мартин Амброш уште во првото полувреме даде до знаење дека отсуството на триото ракометарки не значи ништо во силната намера за пласман во ново финале. Цели десет и пол го „сокрија“ голот за романските ривали и на одмор се замина со четири гола.
ЧСМ Букурешт во вториот дел да фати приклучок, израмни на 16:16 и тука застана. Ѓер во продолжение одново ја стегна одбраната принудувајќи го противникот на грешки во нападот што ги казнуваше со реализации во мрежата на Грубишиќ.
Ники Грот со седум гола беше најефикасна во првото полуфинале, по пет за победничката екипа постигнаа Анита Гербиц и Стине Бредал Офтедал. Најмногу голови, шест, за ЧСМ Букурешт реализира Кристина Неагу додека Оана Манеа и Аманда Куртовиќ додадоа по четири.
Второто полуфинале на завршниот турнир во ЛШ за оваа сезона е од 18 часот меѓу ЖРК Вардар и дебитантот, Ростов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


