| четврток, 6 декември 2018 |

Која е Анастасија Лашманова, милијардерката убиена во Котор?

Украинката Анастасија Лашманова, директорка на компанија која раководи со неколку хотели и ресторани во Црна Гора синоќа е пронајдена мртва во стан во населбата Доброта во Котор.

Полицијатапотврдила дека Лашманова е пронајдена мртва и дека се работи за убиство. Засега не е познат мотивот.

Неофицијално, Лашманова имала повеќе убодни рани, а откако не можела да ја добие на телефон, полиција повикала пријателка, која се посомневала дека нешто ѝ се случило на Лашманова.

-Се обидела да се слушне со неа, но не ѝ се јавувала. Отишла до станот, но Анастасија не ја отворала вратата. Пожарникари ја разбиле блиндираната врата и ја пронашле бизнисменакта мртва.

Анастасија Лашманова е директорка на компаниите Си трејд и Мимоза груп, која пред две години го купила тиватскиот хотел „Мимоза“. Сопственик е на хотелскиот комплекс „Перла“, на три ресторана во Порто Монтенегро и на салон за убавина во Будва, наведуваат црногорските медиуми.

Во Црна Гора дошла пред неколку години и работела како келнерка.

Неофицијално, зад фирмата „Момоза груп“ стои рускиот бизнисмен Валериј Задорин. Тој е сопственик на една од најголемите фирми за трговија со луксузни производи во Русија, компанијата „Арома“.

Задорин има луксузна вила во Тиват, а во Порто Монтенегро ја паркира својата јахта „Арома“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top