| четврток, 6 декември 2018 |

„Алкалоид“ со ново друштво во Република Турција

alkaloid„Алкалоид“ а.д. Скопје регистрирал ново друштво во Република Турција со назив ALKALOID ILAC TICARET LIMITED SIRKETI и со седиште во Истанбул. Друштвото е целосна сопственост на „Алкалоид“ а.д. Скопје.

– Главна цел за отворање на ова ново друштво е зајакнување на постојните позиции на пазарот во Турција, каде што „Алкалоид“ е присутен преку продажба на течни минерални ѓубрива, како и влез на пазарот со фармацевтски производи и производи од сите останати програми на „Алкалоид“, а воедно и пробив на пазарите во Азија и на Блискиот Исток. Со ова „Алкалоид“ а.д. Скопје ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба – велат од „Алкалоид“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top