| четврток, 6 декември 2018 |

Клосе се врати во Баерн Минхен како тренер

Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Мирослав Клосе се враќа кај германскиот шампион како тренер за играчи до 17 години, објавија од клубот.

39-годишната легенда на Германија ја прекина фудбалската кариера во 2016 година и влезе во штабот на Јоаким Лев како негов асистент во репрезентацијата. Тој ќе ја продолжи својата работа кај „панцирите“ за време на Светското првенство во Русија ова лето пред да ја преземе својата нова улога во Минхен.

– Со нетрпение ја очекувам работата во школата на Баерн и ќе дадам се од себе за да ја оправдам дадената доверба, да го водам развојот на овие млади играчи, изјави Клосе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top