| четврток, 6 декември 2018 |

Блокотехна израмни на 1 – 1 против МЗТ

Блокотехна на домашен терен го совлада МЗТ Скопје со 106 – 94 во вториот меѓусебен дуел од полуфиналната серија од плејофот и израмни на 1- 1. Натпреварот во Гевгелија помина во знакот на расположените за игра домашни кошаркари, од кои Двејн Бенџамин постигна 31 поен.

Блокотехна го искористи домашниот терен и презеде инцијативата врз играта, а доминираше на теренот до последната четвртина. Домаќините по седум минути игра имаа двоцифрена предност (24 – 14), која на крајот од третиот период достигна највисоки плус 18 поени (76 – 58).

МЗТ се врати во ритам дури во последниот период, кога намали на едноцифрена негатива (75 – 83). Иако гостите резултатски се приближуваа, сепак тоа не беше доволно за пресврт и Блокотехна ја задржа предноста до крајот за убедлива победа.

Следниот натпревар од серијата се игра во недела во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top