Уште една поранешна вардарка покрај Мајса Песоа ќе се соочи со своите поранешни колешки во утрешното полуфинале. Станува збор за Сираба Дембеле која од 2013 до 2016 година го носеше вардаровиот дрес.
Играњето против македонскиот шампион секогаш буди посебни емоции кај французинката, но таа е професионалец и ќе даде се што е во нејзина моќ за Ростов да слави на утрешниот натпревар. Свесна е дека вардарки ќе изгинат на теренот на утрешниот дуел, а последниот заеднички фајнл-фор ќе биде дополнителен мотив да стигнат до пехарот.
На крајот, секогаш насмеаната и добро расположена Дембеле на македонски ја поздрави Македонија, а потоа со насмевка се извини бидејќи мора да зборува српски- алудирајќи на својот дечко-поранешниот голман на ФК Вардар, Игор Павловиќ.
(извор – 24ракомет.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст