И покрај тоа што играа фантастично во регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите и без проблеми се пласираа на фајнл-фор турнирот во Будимпешта, само една ракометарка на Вардар се најде во тимот на колото.
Пред утрешниот старт на фајнл-фор турнирот во Будимпешта, ЕХФ ги прогласи најдобрите во регуларниот дел од Лигата на шампионите.
Од ракометарките на Вардар во идеалниот тим се најде само Драгана Цвијиќ, таа е прогласена за најдобар пикер во елитното женско натпреварување.
Идеалниот тим на сезоната:
Голман: Кари Алвик Гримзбо – Ѓер
Лево крило: Сираба Дембеле – Ристов
Лев бек: Кристина Неагу – ЦСМ Букурешт
Среден бек: Вероника Кристијансен – Митјиланд
Пикер: Драгана Цвијиќ – ВАРДАР
Десен бек: Ана Грос – Мец
Десно крило: Јулија Мангарова – Ростов
Дефанзивец: Сузана Томори – Ѓер
Млад играч: Тјаса Станко – Крим
Тренер: Мартин Амброс – Ѓер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст