Одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп за повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма ја наруши довербата во меѓународниот поредок, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. Таа во обраќање на Собир на католиците со германско потекло во градот Минстер, изјави дека иако иранскиот нуклеарен Договор е „далеку од совршен“, сепак таа е „длабоко разочарана“ од постапката на Трамп.
– Не е исправно еден договор, кој е усвоен во Советот за безбедност на ОН и акалмативно одобрен, да биде уништен еднострано, истакна Меркел.
Трамп во вторникот објави дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.
Договорот за иранската нуклеарна програма во 2015 година го потпишаа Иран и петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН – Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција плус Германија. Со Договорот, официјално наречен Заеднички сеопфатен акциски план, Иран се согласи на ограничување на својата нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции кон земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст