| четврток, 6 декември 2018 |

Купила куче за 9 000 денари: Кога животното почнало да расте, сфатила што чува дома (фото)

Интересен случај доаѓа од Кина кој деновиве светските медиуми на големо го пренесуваат. Жена од Кина била во продавница за миленици и купила животно за кое и рекле дека станува збор за куче, јапонски шпиц кое го платила 140 фунти (околу 9 000 денари).

Но, како што минувало времето, нејзиното милениче растело, но не наликувало на куче. Никогаш не лаело, а за некое време престанало да јаде и од кучешката храна.

Крзното му станувало се подебело, а опашката подолга, па жената со причина помислила дека нејзиното милениче е поинакво. Тогаш таа отишла до зоолошката градина да се консултира со тамошен стручњак.

Нејзините сомнежи се покажале оправдани бидејќи на крај дознала дека наместо куче, всушност купила – лисица.

Во локална продавница со домашни миленичиња на жената и продале лисица, а таа сега ќе ја подари во зоолошката градина како би живеела во природно опкружување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top