
Најскапиот фудбалер на Пари Сен Жермен, Нејмар де Силва не планира да остане во францускиот клуб и следната сезона.
Според шпанскиот весник „Марка“, Нејмар побарал средба со раководството на ПСЖ за можноста за негов трансфер, а наводно изјавил дека неговото доаѓање во францускиот клуб било грешка. Иако претходно беше соопштено дека ПСЖ нема да го продаде Нејмар, сепак, шпанскиот весник тврди дека бразилскиот фудбалер планира да си замине од Париз по секоја цена.
Нејмар во ПСЖ дојде од Барселона за 222 милиони евра и го урна светскиот рекорд според висината на трансферот. Оваа сезона за францускиот клуб одигра 20 натпревари и постигна 19 голови. Последниот дел од сезоната го пропушти поради повреда, но се очекува да биде спремен за Светското првенство во Русија летово. Како најверојана следна дестинација за Нејмар, шпанските медиуми го споменуваат Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


