| четврток, 6 декември 2018 |

По Рибери, Робен и Рафиња ги продолжија договорите со Баерн

Арјен Робен и Рафиња ги продолжија своите договори со Баерн Минхен за уште една сезона. Пред една недела тоа го стори и Франк Рибери, па така Баварците и следната година ќе може да се потпрат на искусните фудбалери.

Според медиумите, Робен се двоумел дали да го продолжи договорот со тимот од Минхен, но на крајот се одлучил за таков чекор и решил да ги одбие понудите кои стигнале на негова адреса. Со дополнителната една година, Робен ќе направи десет години во дресот на Баерн Минхен по неговиот трансфер од Реал Мадрид.

– Пресреќни сме што го продолживме договорот со нив. И двајцата ќе играат важна улога во следната сезона, изјавил спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top