Вицепремиерката Радмила Шекеринска избегнува да даде одговор за дипломатските инциденти во Вашингтон, Стокхолм, Анкара, преку кои излегоа на виделина нејзините несогласувања со шефот на дипломатијата Никола Димитров. Во дебатна емисија на МТВ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во контекст на случајот со амбасадорот Наумовски, ја обвини дека освен во Вашингтон, ги избегнувала и амбасадорите во Анкара и Стокхолм, со додавка дека во меѓувреме и премиерот Заев самиот потврдил дека постои нетрпеливост меѓу неа и Димитров. На ова вицепремиерката наместо одговор го обвини потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека неговата партија нарачувала прашања кај новинари.
Шекеринска во дебатата не прецизираше за кои новинари се работи ниту пак објасни нешто во врска со инцидентите. Немаше ниту демант на забелешката дека грчката страна би сакала да ја види токму Шекеринска како преговарач за името, наместо Димитров заради нејзината поголема флексибилност.
Во јавноста веќе се шпекулира дека таа всушност ги избегнува амбасадорите при посети на странски земји за да не ја слушаат за што преговара со домаќините и евентуално да не пренесуваат кај претседателот на државата. ТВ Алфа веќе објави дека амбасадорот во Анкара, Муцунски, исто како и Наумовски во Вашингтон, не бил ставен во делегацијата на Шекеринска при нејзината официјална посета, а дури по реакцијата на турската страна бил додаден на листата.
Дека нешто навистина не е во ред се виде уште завчера кога новинар во Владата постави прашање за дипломатски инциденти на Шекеринска со амбасадорите во Анкара и Стокхолм, а од државниот секретар во МНР, Виктор Димовски исто така беше избегнат конкретен одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст