Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оствари средба со претставници на Паневропската унија, најстара организација, чија цел е обединување на Европа.
„Николоски ги афирмираше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека како партија останува силно посветена на европскиот пат. На средбата беше посочено дека власта освен декларативната европска заложба, во пракса ништо не прави за придвижување на државата кон ЕУ, како и дека без помошта на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони немаше да биде вратена безусловната препорака на ЕК за Република Македонија“, соопшти партијата.
Тој ги запознал европските претставници и со политичкиот прогон кој го спроведува власта врз политичките неистомисленици. Николоски посочил дека СЈО и ОЈО се користат како алатка за политички прогон и дека се води политички мотивираната хајка врз повеќе од 200 членови на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судството е заробено од страна на власта. Додека процесите против Зоран Заев се влечат по неколку месеци без да има рочиште, против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се водат брзи постапки, без аргументи и целосно неосновано. Заробениот правен систем од страна на власта, резултира и со заробеност на целата држава“, посочил Николоски, што се гледа и во очајните резултати во економијата и зголемувањето на немаштијата, додека врвот на власта се богати со злоупотреба на државата и државните ресурси.
Државата мора итно да се врати на европскиот пат, со реални реформи и со ефикасност на правниот систем. Тој потенцирал дека тоа не е возможно со СДСМ на власт, бидејќи за една година покажаа како не треба да се води Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст