| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го заштитите бебето од комарци?

Женките на комарците прават убоди и цицаат крв, а на местото на убодот вбризгуваат плунка која содржи супстанца која го спречува згрутчувањето на крвта, а и ја надразнува кожата. Комарците се прилагодуваат на секоја клима, но најмногу им одговараат подрачја со многу влага и зеленило. Комарците ги привлекува светлото и топлината навечер, а најмногу ја напаѓаат тенката и топла кожа на децата. Затоа пред се треба да поставите заштитна мрежа на прозорците.

ШТО ГИ ПРИВЛЕКУВА КОМАРЦИТЕ?

Влага – дури и мала количина влага како пот на телото ги привлекува комарците.

Темна облека и темни листови – избегнувајте облека со темна боја и не се сместувајте во близина на дрвја кои имаат темни листови.

Цветни и овошни мириси

Млечна киселина – после конзумирање на одредени намирници како солена храна, нашето тело ослободува млечна киселина која е магнет за комарци.

Јаглерод диоксид – нашето тело го испушта кога ни е топло, а оганот и светлото се уште еден извор на јаглерод диоксид.

Ладна температура на телото – како ладни раци и нозе.

ШТО ГИ ОДБИВА КОМАРЦИТЕ?

Специјализирани производи – Постојат повеќе козметички производи кои спречуваат убод од комарци, па одберете ги оние кои не им штетат на децата.

Ветер – кога сте во природа одберете отворено место каде има малку ветер, затоа што ветерот ќе го преполови бројот на комарците кои ве напаѓаат.

Светла облека – детето облечете го во светла боја.

Маслиново масло – водата ги привлекува инсектите и заради тоа највеќе ги има во близина на вода. На сите места кои задржуваат вода налејте малку маслиново масло со цел да ги избркате комарците.

Етерични масла – прашајте во најблиската аптека кои етерични масла ги одбиваат комарците, а воедно не се штетни за бебето.

ПОМОШ ПОСЛЕ УБОД:

Навлажнете го прстот и местото на убодот со неколку зрнца кујнска сол.

Втријте малку сапун за деца директно на убодот.

Изладете го местото на убодот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top