-За да добиеме повеќе гласови на Евровизија, треба да направиме циркус на сцената, да испратиме наши претставници кои буквално ќе се зафркаваат, оти мислам дека едно класично глупирање би можело да помине многу подобро од било какви кореографии и квалитетни вокали – вели поп и оперскиот пејач во Хорот на МОБ, Марјан Стојановски.
Музичарот кој се појави на естрадата кон крајот на минатиот век и беше еден од најпопуларните поп пејачи во тоа време, чии хитови ,,Подарок’’, ,,Љубов ти е адреса’’, ,,Ненаситен’’, ,,Срце ќе ти украдам’’ и други и денес се вртат по радио станиците, е искрен дека дури и не го следел преносот на Евровизијата.
Вели дека одамна сфатил како целата манифестација е всушност една голема забава, на која треба да се испраќаат ексцентрични пејачи.
-Сериозно, навистина напразно се трудиме со години, овој настан е класична зафрканција. Ни треба некој кој што на сцената буквално ќе се зафркава, така можеби ќе добиеме повеќе гласови. За џабе ни е воопшто да се трудиме, зарем тоа не се виде во сите овие години?, вели Стојановски за Фокус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст