| четврток, 6 декември 2018 |

Солун ден по катастрофата (Фото)

Поројниот дожд што вчера го зафати Солун предизвика огромни проблеми во градот, при што извесен број туристи останаа заробени во Белата кула, бидејќи водата собрана на влезот што е под уличното ниво, ги оневозможи да излезат.

Сепак на крајот, учениците од едно основно училиште и неколумината британски туристи успеале да излезат низ приземниот прозорец на зградата откако противпожарната бригада ги отстранила решетките.

Противпожарната служба добила и неколку повици за спасување, меѓу кои и оној кога четири лица останале заробени на мост откако нивните возила беа потопени од високото ниво вода. Многу приземни и подрумски продавници и куќи се поплавени, меѓу кои и Градското Собрание на Солун, а патиштата буквално биле претворени во реки.

Бурата и грмотевиците предизвикаа и прекин на електричната енергија. На меѓународниот аеродром во “Македонија“, аеродромските власти на извесно време го прекинаа полнењето на гориво како безбедносна мерка на претпазливост.

Инфоцентар.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top