Поројниот дожд што вчера го зафати Солун предизвика огромни проблеми во градот, при што извесен број туристи останаа заробени во Белата кула, бидејќи водата собрана на влезот што е под уличното ниво, ги оневозможи да излезат.
Сепак на крајот, учениците од едно основно училиште и неколумината британски туристи успеале да излезат низ приземниот прозорец на зградата откако противпожарната бригада ги отстранила решетките.
Поплавен е и еден од еден од најпознатите објекти во Солун катадралата Агиа Софија од VII век, која е споменик на УНЕСКО.
Пожарната бригада во Солун добила повеќе од 300 повици за помош од 12.30 кога започнало невремето, до четвртокот попладне. Поројниот дожд бил проследен со силни грмотевици, а повремено паѓал и град.
Противпожарната служба добила и неколку повици за спасување, меѓу кои и оној кога четири лица останале заробени на мост откако нивните возила беа потопени од високото ниво вода.
Многу приземни и подрумски продавници и куќи се поплавени, меѓу кои и Градското Собрание на Солун, а патиштата буквално биле претворени во реки.
Бурата и грмотевиците предизвикаа и прекин на електричната енергија. На меѓународниот аеродром во “Македонија“, аеродромските власти на извесно време го прекинаа полнењето на гориво како безбедносна мерка на претпазливост.
Фото АНА МПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст