
Дека и жените можат да бидат духовити, докажа еден форум на кој се собрале жените од различна возраст и секоја од нив напишала по еден виц за мажите.
Доза на смеење со добар виц е секогаш добредојдена. Но, најчестите теми секако се вицовите за русокосите, свекрвите и снаите, односно шегите на сметка на жените.
Но, и жените знаат да смислат виц за мажите. Не станува збор за навредлива содржина, туку за здрава доза на хумор.
Драги мажи, не лутете се.
„Не занесувајте се дека можете да промените нешто на мажот, освен ако носи пелени”.
„Секогаш избирај помлад маж. И онака никогаш нема да созрее”.
„Не е вистина дека жените прават будали од мажите. Повеќето мажи се гордеат со мотото „Направи сам!”
„Љубовта е слепа, но бракот е искуство кое ги отвора очите”.
„Запомни дека да имаш смисла за хумор, за него не значи да знаеш да раскажуваш вицови, туку да се смееш на неговите”.
„Што годишнината и ве-це школката имаат заедничко? – Мажите секогаш ги промашуваат”.
„Кој е единствениот начин мажот да го запомни датумот на годишнината? – Да се омажиш со него на неговиот роденден”.
„Што за мажите е романтична вечер? – Секс”.
„Зошто мажите се како микробранова печка? – Се загреваат за 15 секунди”.
„Зошто мажот не може да биде убав и интелигентен во исто време? – Би бил женско”.
„Мажот е најинтелигентен за време на секс, бидејќи е споен на изворот на интелигенција”.
„Зошто мажите секогаш се загрижени за големината на пенисот? – Затоа што би требало да бидат”.
„Зошто мажите секогаш сакаат да се оженат со девица? – Затоа што не поднесуваат критика”.
„Како мажите ја замислуваат предиграта? – Молат половина час”.
„Што е за мажот вистинска љубов? – Ерекцијата”.
„Што е тоа: Има 8 раце и IQ 60? Четворица мажи гледаат пренос од фудбалски меч”.
„Доколку мажите би имале менструација, би се фалеле со големината на тампоните”.
„Зошто батериите се подобри од мажите? – Затоа што имаат една позитивна страна”.
„Зошто мажите се како делфини? – Затоа што се зборува дека се интелигентни, но тоа сеуште никој не го докажал”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


