| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски на работна вечера со Стипе Месиќ (ФОТО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој престојува во Љубљана на покана на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) вечерва оствари работната вечера со поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ. На вечерата се разговарало за предизвиците во регионот и потенцијалите за нивно надминување.

„Искуството е секогаш добредојдено во политиката. Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобро и повеќе. Нашата држава е нашиот дом, а мојот дом е мојот живот“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top