Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон се пофали дека остварил „фантастична“ средба со Иванка Трамп, барем била таква додека не ја објавил фотографијата на Твитер. Многумина ги потсетува на таткото на Иванка, Доналд Трамп, а некои го обвинуваат дека намерно сака да изгледа како американскиот претседател.
Осен што физички наликува на Доналд Трапм, Џонсон го користи и заштитниот знак на Трамп – кренат палец.
„Имав фантастично попладне во Белата куќа, видов цел спектар на соработка меѓу Обединетото Кралство и Соединиетите Американски Држави и разговарав по потпретседателот Пенс, Иванка и Џаред Кушнер за се – од кризата во Сирија до потребите за глобално засилување на жените“, напишал Џонсон.
Откако Иванка ја споделила нивната заедничка фотографија, почнал сеирот.
I had a fantastic afternoon in the White House yesterday, seeing the real spectrum of UK-US cooperation & discussing everything from the Syria crisis to the need for global women’s empowerment with @VP Pence, @IvankaTrump and Jared Kushner pic.twitter.com/rpRomS5Rmc
— Boris Johnson (@BorisJohnson) May 8, 2018
„Ова изгледа како Иванка да позира со имитатор на татко ѝ“, „Таа вратоврска, тој палец, Иванка. Сака ли Борис да стане Трамп?“, „Морничава верзија на тато“, „Ебате, дури и палецот го кренал“, се некои од коментарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст