| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ја губи конкурентноста во регионот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ престојува во Словенија на покана на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС). На панел-дискусијата Мицкоски одржа предавањена темата улогата на евроатлантските интеграции во обезбедување на економски развој и политичка стабилност во југоисточна Европа.

Како што информираат од Институтот Мицкоски се осврнал на важноста на европските интеграции но и обезбедувањето на економска стабилност на државите на балканот што во суштина е и иднината на целиот регион.

-На економски план мораме да констатираме дека Република Македонија во последната година забележува доста негативни резултати. Не е остварен очекуваниот економски раст, нема план за инвестиции во нови капитални инфраструктурни проекти ниту пак нови странски инвестиции, нема отворања на нови работни места, платите не се зголемуваат, незадоволни се сите категории на граѓани. Истовремено за 3 месеци Владата ги задолжи граѓаните на Македонија за нови 300 милиони евра, јавниот долг за прв пат ја урна психолошката граница од 5 милјарди евра, а државниот долг е веќе над 4 милијарди евра.

Да не заборавиме на податокот дека претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за време на најголемата финансика и економска криза во светот, успешно привлече над 2 и половина милјарди евра странски инвестиции, отвори над 170.000 нови работни места и ја намали невработеноста од рекордно високите 38% во 2006 на 22% во 2017 година.

Искрено се плашам доколку Владата на СДСМ продолжи со тој негативен тренд многу лесно можеме да ги изгубиме тешко стекнатите конкурентни предности, кои уште ги имаме во однос на другите држави во регионот.

Таквите негативни економско финансиски перформанси не само што не ни одат во прилог, туку истовремено можат сериозно да не оддалечат од очите на потенцијалните странските инвеститори, од континуираните реформски процеси и од остварувањето на посакуваните евро-атлантски цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top