На местото на споменикот на Андон Лазов Јанев-Ќосето пред Судот во Скопје Шилегов засади дрво. Како што најави Град Скопје, по отстранувањето на споменикот, на тоа место беше засадено дрво од видот гинко, а на церемонијата присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, државниот министер за Европа во германското МНР Михаел Рот, претседателката на Градскиот совет на партијата СПД во Нирнберг, Ања Прелс-Камерер, амбасадорот на Германија Томас Герберих, како и претставници од збратимениот град Нирнберг.
-На оваа локација, на која што пред нешто повеќе од два месеци беше отстранета дивоградбата на која беше поставен споменикот на Ќосето, денеска е засадено дрвото на човекови права. Поставувањето на споменикот пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт. Отстранувањето на споменикот и засадувањето на дрвото на негово место е симбол на почитување на законитоста, правдата и правичноста, рече Шилегов од местото на церемонијата.
Покрај дрвото ќе биде поставена плоча, донација од Нирнберг.
-Гинко е симбол на правата на човекот. Токму затоа, покрај него ќе биде поставена изгравирана плоча, која ќе потсетува дека секој граѓанин има право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, додаде Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст